Десетици илјади на протест во Будимпешта против пропагандната кампања на Орбан

Околу 50.000 луѓе се собраа денес на Плоштадот на хероите во Будимпешта, протестирајќи против „јавните консултации“ на премиерот Виктор Орбан, кои опозицијата ги нарекува партиска пропаганда финансирана со народни пари.
Фото: European People's Party, CC BY 2.0, via Wikimedia Commons

Владата најави нова консултација за даноците во октомври, откако провладини медиуми тврдеа дека опозицијата планира зголемување на даноците доколку победи на изборите во април 2026 година. Лидерот на конзервативната опозициска партија ТИСА, Петер Маѓар, тоа го негира и го обвини Орбан за „ширење лаги“.

Орбан со години испраќа вакви прашалници по пошта, проследени со реклами на телевизија и интернет, кои – според критичарите – се формулирани манипулативно за да прикажат повисока поддршка од реалната. Последната ваква кампања, насочена кон блокирање на европските преговори со Украина, чинила речиси 28 милиони евра, пишува неделникот HVG.

Властите сè уште немаат дадено сопствена проценка за бројот на демонстранти, а Орбан ги отфрла обвинувањата дека станува збор за пропаганда.

Извор: N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни