Десетици илјади демонстранти во Тбилиси обвинуваат за изборна измама

Илјадници демонстранти низ улиците на Тбилиси во Грузија протестираа против изборните резултати со кои владејачката, проруска партија, Грузиски сон освои повеќе од 54 отсто од гласовите.
Фото: EPA-EFE/DAVID MDZINARISHVILI

Тие обвинуваат за кражба на изборите, надоврзувајќи се на извештаите од набљудувачите кои тврдат дека откриле голема шема за измама која го променила изборниот исход во корист на владејачката партија.

Демонстрантите ги поддржа и грузиската претседателка Саломе Зурабишвили која ја обвини владејачката партија во земјата дека користела руска тактика на парламентарните избори чии официјални резултати таа одбива да ги признае.

„Вие не ги изгубивте изборите“, им рече Зурабишвили на демонстрантите. „Тие ви го украдоа гласот и се обидоа да ви ја украдат иднината, но никој нема право да го стори тоа, а вие нема да дозволите никој да го направи тоа!“

Според неа, Грузија нема друга алтернатива освен Европа и рече дека ќе го барани европскиот пат.

Зурабишвили вели дека резултатот од изборите е доказ за руска специјална операција, како дел од хибридната војна против Грузија.

Во интервју за Ројтерс, Зурабишвили ги образложи своите коментари, велејќи дека таа директно не ја обвинува Русија за фалсификување на гласањето. Наместо тоа, рече Зурабишвили, таа вели дека „многу софистицираните“ методи за користење на „повеќе форми на измама“ ги пресликуваат тактиките што ги користи руската Федерална служба за безбедност.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни