Масовниот протест, наречен „национален марш“, се одржа на државниот празник со кој Унгарија ја одбележува годишнината од антикомунистичкото востание од 1956 година – симболичен момент на кој Мазар ја започна својата изборна кампања.
Според најновите анкети, Мазар има реални шанси да му се спротивстави на актуелниот премиер Виктор Орбан на парламентарните избори во април 2026 година. Во својот говор, тој остро го обвини Орбан дека се приближува кон Кремљ и дека ја предава унгарската независност. „Во 1989 година Орбан беше млад политичар кој се бореше против еднопартискиот систем. Денес, тој е најверниот сојузник на Владимир Путин и сака да го обнови системот кој некогаш го осудуваше“, изјави Мазар пред насобраните.
Толпата реагираше со аплауз и повици „Руси, одете дома!“, што дополнително ја потенцираше антивоената и проевропската реторика на опозицијата.
Истовремено, премиерот Виктор Орбан одржа сопствен митинг пред парламентот, кој го нарече „марш на мирот“. Во својот говор тој повторно ја нападна Европската унија за нејзината политика кон Украина и го обвини својот противник дека сака да ја вовлече Унгарија во војна. „Ние нема да умираме за Украина! Нема да ги испраќаме нашите деца во кланица по наредба од Брисел“, порача Орбан преку социјалните мрежи.
Двете собири ја откриваат длабоката политичка поларизација во земјата — помеѓу владејачката националистичка десница и новата опозиција која се обидува да ја претстави Унгарија како европска демократија ослободена од влијанието на Москва. Настаните во Будимпешта го означуваат почетокот на една од најнеизвесните изборни години во поновата унгарска историја.
Извор: Index.hr
