Десетици илјади лица во Германија без никакво здравствено осигурување

Во Германија живеат десетици илјади луѓе кои немаат пристап до здравствено осигурување.

Според последните податоци од 2023 година, нивниот број изнесува околу 72.000 лица, што претставува околу 0,1 процент од населението, објави германската федерална служба за статистика (Destatis), пренесува агенцијата dpa.

Овие лица немаат право на никаква здравствена заштита без претходно плаќање на услугите. Германското законодавство обврзува сите лица со регулиран престој да имаат здравствено осигурување, но дел од населението сè уште останува надвор од системот.

Од вкупниот број, околу 61 процент се мажи, односно приближно 44.000 лица, додека околу 54.000 спаѓаат во категоријата на неактивни лица како што се пензионери или студенти постари од 26 години.

Покрај нив, уште 198.000 луѓе во Германија иако немаат формално осигурување, сепак имаат право на здравствена заштита, меѓу кои се азиланти, корисници на социјална помош и доброволни воени службеници.

Германија има комбиниран систем на државно и приватно здравствено осигурување. Според статистиките, околу 11 проценти од населението, односно околу девет милиони луѓе, има приватно осигурување вклучувајќи 2,4 милиони членови на семејства кои се осигурани преку роднини.

Најголемиот дел од населението, 89 проценти или 73,3 милиони лица, се осигурани преку државниот здравствен систем, вклучувајќи 16,8 милиони кои се дел од семејното осигурување.

Покрај тоа, 5,1 милион граѓани доброволно се осигуруваат во државниот систем најчесто самовработени или лица со приходи над законски утврдената граница. Тие сочинуваат околу седум проценти од сите осигурени во јавниот систем.

Извор: N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни