Десетици илјади луѓе протестираа во Австрија против екстремната десница

„Не сакаме екстремно десничарски канцелар и затоа сме овде денес“, изјави за AFP портпарол на невладината организација против расизам SOS, споменувајќи „закана за човековите права и демократијата“.

Неколку десетици илјади луѓе се собраа вечера вечер во Виена на протест против екстремната десница, во моментот кога лидерот на Слободарската партија на Австрија (FPO) Херберт Кикл (Kickl) е на преговори со конзервативците за формирање на нова влада.

На протестот беше истакнат транспарент „Против фашизмот“, додека демонстрантите рекоа дека се плашат за својата земја и за Европа ако „автократите“ дојдат на власт.

Патот се отвори почетокот на неделата за FPO, која беше прва на парламентарните избори крајот на септември. Претседателот на Австрија, Александер Ван дер Белен, му даде на Кикл мандат за формирање влада со конзервативците.

„Не сакаме екстремно десничарски канцелар и затоа сме овде денес“, изјави за AFP портпарол на невладината организација против расизам SOS, споменувајќи „закана за човековите права и демократијата“.

Организаторите на собирот процениле дека било околу 50.000 луѓе, додека властите наведуваат половина од таа бројка.

Демонстрантите рекоа дека се плашат од отклонување од демократијата „како во соседна Унгарија“, каде премиерот Виктор Орбан ја релиси целосно ја замолкнал опозицијата.

„Тоа е скоро како диктатура. Се разбира, Орбан беше избран на избори, но благодарение на испирањето на мозоците. Тоа е исто што го сака Кикл и тоа е многу опасно“, изјави еден демонстрант.

Протестите се одржаа и во други градови на Австрија, како што се Салцбург и Грац.

FPO, која беше основана во 1950-те години од поранешни нацисти, веќе учествуваше во власта како малцински партнер, но никогаш не ја зазела позицијата канцелар во современата историја на Австрија, држава членка на Европската унија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни