Десетици граѓани заглавени во своите возила на снег и студ на патот кон Маврово

Некои возачи чекаат речиси четири часа за да го продолжат патувањето, објави Телма,

По сончевиот викенд во Националниот парк Маврово, граѓаните се соочија со километарски застои на патот кон дома. Некои возачи чекаат речиси четири часа за да го продолжат патувањето, објави Телма.

Полицијата ги пренасочува возилата преку селата Леуново и Никифорово, што значи дополнително возење околу Мавровското Езеро, бидејќи од другата страна патот е непрооден. Многумина изразуваат загриженост поради празни резервоари со гориво, што дополнително ја влошува ситуацијата.

Во текот на денот, на социјалните мрежи се појавија коментари од незадоволни посетители на скијачките центри. Тие се жалат дека чекале со часови за да купат ски-билети, прашувајќи зошто не е овозможено онлајн купување на карти.

Наместо пријатен крај на викендот, многу граѓани се враќаат дома разочарани и изморени од лошата организација и долгиот застој.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни