Сообраќајните несреќи во Европа секоја година бришат цел мал град
На патиштата низ Европа во сообраќајни несреќи во 2023 година, загинале повеќе 20.000 луѓе. Статистички тоа значи 47 сообраќајни жртви на милион жители. Сепак, некои земји како што се Германија и Шведска бележат ниски стапки на несреќи, додека пак, кај други, ризикот од сообраќајни несреќи со смртни последици е значително поголем.
Земји со ниски стапки на несреќи
Германија и Шведска се меѓу најбезбедните земји во ЕУ, објави германскиот портал t-online.
Во Германија минатата година имало 34 жртви во сообраќајот на милион жители, додека Шведска била уште побезбедна со 22 жртви.
Земји со голем број на несреќи
Ризикот од сообраќајни несреќи е поголем на југот и на истокот на Европа. Во Словачка и Унгарија, бројот на жртви во сообраќајот е околу 50 на милион жители. Статистички овие две земји се меѓу десетте најнебезбедни региони. Најопасни земји за возачите во ЕУ се Бугарија и Романија.
Десет земји со највисоки стапки на несреќи:
Бугарија (82 сообраќајни жртви на милион жители во 2023 година)
Романија (81)
Латвија (76)
Хрватска (71)
Португалија (61)
Грција (60)
Литванија (56)
Италија (52)
Полска (52)
Словачка (52)