Ако ви е тешко да станете рано, се чувствувате уморно во текот на денот, а кофеинот не ви помага или немате навика да пиете кафе, пробајте ги овие алтернативи на кофеин кои ќе ви помогнат да ја зголемите енергијата.
Грицкајте салата
Листестиот зеленчук, како спанаќ и кељ, обезбедува дополнителна доза на витамин Б. Витаминот Б е клучен за процесот на создавање енергија во вашите клетки.
Пијте повеќе вода
Ако се чувствувате исцрпено, можеби треба да внесете повеќе вода. Еден од знаците на дехидратација е уморот.
Излезете надвор
Промената на околината и свежиот воздух ќе ги разбудат сетилата, а сончевата светлина ќе помогне во регулирањето на циклусот на спиење и будност. Обидете се да поминете најмалку 30 минути дневно на природна светлина или еден час ако имате проблеми со несоница.
Вежбајте
Движењето поттикнува клетките да произведуваат повеќе енергија. Телото реагира со создавање дополнителна енергија, додека вежбањето ослободува ендорфини – хормони кои го подигнуваат расположението, пишува WebMD.
Одржувајте рутина
Ако одиш на спиење и станувате во исто време секој ден, вашето тело ќе научи кога треба да биде будно и кога да се опушти.
Ароматерапија
Некои мириси можат да ги поттикнат сетилата, да помогнат во фокусирањето и да ја зголемат енергијата. За будење пробајте мириси од еукалиптус, лимон или мента.
Внесувајте протеини
Наместо да се потпрате на јаглехидрати за да останете будни, одлучете се за намирници богати со протеини или здрави масти. Тие ќе обезбедат подолготраен осеќај на ситост и ќе помогнат во спречување на падот на енергијата предизвикан од шеќер.
Одморете ги очите од екранот
Чувството на поспаност може да биде знак дека треба да направите пауза од гледањето во екран. За да го намалите напорот, повремено погледнете низ прозорец или фокусирајте го погледот на далечни предмети наместо на компјутер или телефон.
Кратко одримете
Понекогаш телото има потреба од ресетирање преку краток сон. Одримете 15 до 30 минути за да се чувствувате поспани и да го подобрите расположението.
Џвакајте гума за џвакање
Некои истражувања покажуваат дека џвакањето гума може да ја зголеми будноста, да ги забрза реакциите, да го подобри вниманието и да ја зголеми продуктивноста во текот на работниот ден.