Депресијата е болест што може да доведе до голема емотивна болка. Меѓутоа, промените во функционирањето на мозокот исто така имаат значајно влијание на телото.
Во светот 300 милиони луѓе страдаат од депресија. Депресијата допринесува за широк спектар на физички проблеми кои влијаат на многу делови од телото, од срцето до имунолошкиот систем, пренесува WebMD. Некои болести исто така можат да предизвикаат депресија, создавајќи круг од кој е тешко може да се излезе.
Депресијата влијае на здравјето на многу повеќе начини отколку само што го менува расположението. Некои од најчестите физички симптоми на депресија вклучуваат: болка, хроничен замор, намалено либидо, намален апетит, несоница, недостаток на длабок сон или прекумерно спиење
Што ги предизвикува физичките симптоми на депресија?
Промените во мозокот влијаат на многу системи во телото. На пример, абнормалното функционирање на невротрансмитерите, како што е серотонинот, може да го промени прагот на болка. Тоа значи дека стануваме покенетивни на болка, особено во грбот. Серотонинот исто така влијае на сонот и го намалува сексуалниот нагон. Скоро половина од луѓето со депресија имаат проблеми со сексуалниот живот.
За жал, физичките симптоми на депресија често се занемаруваат. Некои истражувања откриле дека проблемите со спиењето, заморот и здравствените проблеми се сигурни показатели за депресија кај постарите лица. Меѓутоа, овие знаци често се рутински отфрлаат како природен дел од стареењето.
Депресија предизвикува болести
Депресијата го зголемува ризикот од многу болести и други состојби преку зголемување на нивото на хормони на стрес, како што се кортизол и адреналин. Депресијата може да влијае на имунолошкиот систем, што го отежнува телото да се бори со инфекциите. Некои вакцини можат да бидат помалку ефективни кај постарите лица со депресија. Депресијата исто така е поврзана со срцеви заболувања.
Сите овие промени можат да доведат до зачарен круг кој е тешко да се прекине без лекување на депресијата и другите болести