„Денови на македонски кореографи” од 22 до 25 април на Малата сцена во НОБ

Од 22 до 25 април на Малата сцена во Националната опера и балет ќе се одржат „Денови на македонски кореографи”, во чии рамки ќе бидат изведени пет претстави и една изложба.

Во првата вечер на „Денови на македонски кореографи” на 22 април ќе се прикажат две претстави „Мокументари“ од Андријана Данчевска и „Ехо на баронот“ од Дејан Битровски.

Во втората вечер на 23 април ќе може да се проследи претставата „Болеро“ на Саша Ефтимова. Но, и во Фоајето на Националната опера и балет ќе биде прикажана изложбата на слики „Вечни тела“ од Искра Шукорова. 

На 24 април ќе биде прикажана претставата „Д како Дездемона“ од кореографката Рисима Рисимкин. 

А на затворањето на 25 април „Денови на македонски кореографи” ќе се изведе претставата „Патување“ од турскиот кореограф Чан Арслан. Оваа претстава се спремала во НОБ со македонски балетски уметници  и пред околу еден недела ја имаше премиерата во Анкара.

Марија Кичевска Шокаровска, уметнички раководител на Балетот на прес-конференција информира дека настанот е по повод 20 години јубилеј од првата претстава на Мала сцена, а тоа било „Јас, Исидора“ од Олга Панго. Таа нагласи дека идејата и целта на Мала сцена е да се развиваат нови креативни кадри од македонски кореографи. 

Саша Евтимова, кореограф и организатор на „Денови на македонски кореографи” истракна дека Малата сцена е една платформа која што дава еден креативен поход каде може да се изразуваат креативно. Како што нагласи,„Денови на македонски кореографи” е значајна и за младите кореографи коишто се развиваат и им треба простор за развивање и на етаблираните кореографи кои своите почетоци ги направиле на Малата сцена. 

Кореографкат Рисима Рисимки информира дека „Скопје танцовиот театар“ на „Денови на македонски кореографи” ќе претстави три премиери – „Мокументари“ од Андријана Данчевска, „Ехо на баронот“ од Дејан Битровски и „Д како Дездемона“ од Рисимкин. 

Искра Шукарова, кореограф и автор на изложбата „Вечни тела“ ифнормира дека нејзината изложба била изведена во Културно информативниот центар и инспирирана била од телото на изведувачот.

Кореографката Адријана Данчевска Ровчанин истакна дека „Мокументари“ е танцов перформанс кој е обликуван според нивен наратив и ја рефлектира политичката и општествената состојба во земјава. Информира дека за претставата за музика задолжен бил  Александар Гроздановски и Ивана Мојсовска за сценографијата.

Кореографот Дејан Битровски нагласи дека неговото дело „Ехо на баронот“ се бави со тематика која што на еден начин е многу модерна од аспект на дигитална дистопија преку синдромот на Михаузен и искрививањето на некои вредности кои што можеме се почесто да ги сретнеме во интернет просторот.

Киро Павлов, менаџер на операта и балетот најави дека ќе продолжат понатаму со оваа иницијатива. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни