„Денови на литературата” со попусти на книги до 70% и повеќе од 30 настани

Во рамките на продажната акција ќе има попусти на најбараните книги за возрасни и за деца од 17 македонски издавачки куќи

Шестото издание на „Денови на литературата” ќе се одржи од 5 до 22 февруари во сите книжарници на „Литература.мк” и онлајн на www.literatura.mk. Во рамките на продажната акција ќе бидат понудени попусти на книги до 70 %, грепки со подароци и повеќе од 30 настани: промоции на нови наслови, работилници за деца, како и дружби со маскотите  Исидора Мун, Биби и Боби и Стела и Сани.

Продажната акција „Денови на литературата” ќе се одвива во сите книжарници на „Литература.мк”: во „Дајмонд мол”, „Скопје сити мол”, „Ист гејт мол”, ТЦ „Буњаковец”, на ул. „Македонија” во Скопје и во Струмица, како и на најголемата е-книжарница www.literatura.mk.

Во рамките на продажната акција ќе има попусти на најбараните книги за возрасни и за деца од 17 македонски издавачки куќи: „Арс Ламина”, „Академска книга”, „Бата прес”, „Бегемот”, „Или-Или”, „Култура”, „Мартина”, „Муза”, „Нампрес”, „Полица”, „Прозарт”, „Сакам книги”, „Светот на Биби”, „Сказнувалка”, „Слово”, „Три” и „Чудна шума”.

Попусти до 70 % на популарни наслови од фикција, нефикција и книги за деца ќе понуди „Арс Ламина”. Попусти до 40 % ќе има на сите изданија од „Чудна шума” и на селектирани наслови од „Бата прес”. Со намалување од 30 % ќе бидат сите изданија на „Сказнувалка”, „Прозарт” и „Муза”, како и избрани книги од „Три” и „Или-Или”. Со попуст од 20 % ќе бидат сите наслови од „Академска книга”, „Бегемот”, „Нампрес”, „Полица” и „Слово”, како и дел од понудата на „Мартина”, „Сакам книги”, „Светот на Биби” и „Култура”.
Секој ден на онлајн-продавницата www.literatura.mk  ќе има специјален, дополнителен еднодневен попуст на книги.

„Литература.мк” и овој пат подготви изненадувања за своите посетители – со купени книги во вредност од минимум 1.500 денари следува грепка со подарок. Секоја грепка е добитна!
„Денови на литературата 2026″, покрај попустите и подароците, ќе понуди и богата програма за деца, родители и за сите љубители на книгите во книжарниците на „Литература.мк” во „Дајмонд мол”, „Ист гејт мол” и „Скопје сити мол”.

Програмата ќе почне на 5 февруари (четврток) во „Литература.мк” во „Дајмонд мол” со свечениот настан „Во литературен филм”, на кој ќе настапи триото Trinity Strings. Следниот ден, во 18 часот, во книжарницата во „Ист гејт мол” ќе се одржи работилница за изработка на макети со Revell, во соработка со Макетарскиот клуб „Мајор Михајло Ивановски-Микс”, а во „Скопје сити мол” ќе се одржи промоција на инклузивната сликовница „Среќен како Наи” од авторката Ана Салџиева и илустраторот Томи Џуровски. Промоторка на книгата, во издание на „Арс Ламина”, ќе биде Бојана Стојменовиќ.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни