Фестивалот го отвора велешкиот со претставата „Госпоѓа министерка, на 24-ти септември, а го затвора кумановскиот театар на 9 октомври со „Разбуди се Тина“ на 10-ти е доделување на награди, изјави директорот на НУЦК“, Сашо Тодоровски.
Привршуваат подготовките за фестивалот „Денови на комедија“ Куманово, соопштија денеска од НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово. Програмата е подготвена, предвидено е да учествуваат единаесет театри од Македонија, Србија и Бугарија.
Како што претходно соопштија од установата, Советот на фестивалот одлучи годинашната награда „Васил Иљоски“ да ѝ биде доделена на актерката Весна Петрушевска, за нејзиниот придонес кон македонскиот театар. Наградата ќе биде врачена на 24 септември, на свеченото отворање.
Петрушевска не го криеше задоволството што токму колегите ѝ оддале признание.
„Многу се радувам. Важно е да не ги даруваме луѓето и значењето за нивните дела додека се тука, да не ги пропуштаме и луѓето и нивните дела. Кога ми се јавија, вреснав, многу ретко се случувало, се некако јас давам, а ретко мене некој да ми даде. Се радувам кога колегите ги исправат работите, особено кога ќе дадете лаурет на жена, тоа е многу важно, зашто од нас се очекува да бидеме освен добри актерки, и добри мајки, добри колешки, присутни во секоја општествена норматива. И плус сум горда што по баба и дедо сум кумановка“, кажа Петрушевска.
Зборувајќи за фестивалот, Петрушевска, рече дека е еден од најголемите на Балканот и што е важно има натпреварувачки карактер, укажувајќи дека и самата учествувала и најави дека ќе лобира за повеќе средства за овој фестивал. Општината одвои 400 илјади, додека Министерството за култура 800 илјади денари.
На годинешниов фестивал ќе настапи битолскиот со „Рибарски Караници“, МНТ со „Бог на колежот“, Театар комедија „Да живее долна дупка“, „Едно предавање“ од Прешево, „На траг“ од Крагуевац, драмата на албански од Куманово со „Грабеж на дијамантот“, струмичкиот со „Петок 13-ти“, театар од Пирот со „Покондирена тиква“ и сатиричниот театар од Софија со „Постојната сопруга“ ќе игра пред кумановската публика.
Публиката секоја година ја полни салата во НУЦК за овој фестивал кој веќе 28 години опстојува.