Денот на Европа во знакот на солидарноста – трчаме за Кочани!

Оваа година, Делегацијата на Европската Унија и мрежата Europe House ќе го одбележат Денот на Европа на посебен начин – преку хуманитарна трка во чест на погодените од трагедијата во Кочани.

На 25 мај, во исто време во седум градови низ државата – Скопје, Струмица, Крива Паланка, Битола, Велес, Струга и Тетово – ќе се трча обединети со една цел: да покажеме дека солидарноста е силата на нашата заедница.

Под мотото „Сите за Кочани – трчаме заедно!“, иницијативата е отворена за сите, без разлика на возраста или физичката подготвеност. Оваа трка не е борба со километри – туку чекор напред кон поддршка, надеж и единство.

Пријавувањето е веќе отворено преку платформата sitezakocani.mk, каде што секој може да избере град и да стане дел од најважната трка оваа година. Собраните средства од котизациите ќе бидат донирани преку Црвениот крст директно за заедницата во Кочани – таму каде што помошта е најпотребна.

„На 25 мај, нема да трчаме за резултати, ниту пак за награди – ќе трчаме за солидарност и за вредностите кои нѐ дефинираат како општество и како заедница“ велат од Делегацијата на ЕУ.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни