Денеска во Градски парк петто издание на саемот „Air Fair“

Посетителите ќе можат да се запознаат со професиите како контролори на летање, пилоти, инженери, инспектори за безбедност и сигурност…

  Под мотото „Делуваме денес — за воздухопловството утре!“ денеска во Градскиот парк во Скопје, ќе се одржи петтото издание на воздухопловно-едукативниот саем – Скопје Air Fair 2025, во организација на Здружението за подобро воздухопловство „Авикон“.

Саемот ќе започне во 11 часот на локацијата „Вембли“ во Градскиот парк, а посетителите ќе можат да се запознаат со професиите: контролори на летање, пилоти, инженери, инспектори за безбедност и сигурност во воздушниот сообраќај и многу други воздухопловни експерти.

Од „Авикон“ велат дека саемот претставува централно место за професионална ориентација на младите и уникатна можност за сите посетители да се запознаат со авијациската индустрија во земјата. 

– SKOPJE AIR FAIR 2025 e преставување на воздухопловни професии на младите – од пилоти и стјуарди, преку контролори на летање и воздухопловни метеорлози, техничари, па сѐ до инженери и оператори со дронови. Саемот е особено наменет за средношколците и студентите кои размислуваат за кариера во авијацијата На едно место, посетителите ќе може да се сретнат и да комуницираат директно со професионалци и претставници од сите клучни воздухопловни ентитети, вклучувајќи ги: WIZZ AIR Pilot Cadet Program (Унгарија), Агенција за Цивилно Воздухопловство, Siberi Fly (Италија), ТАВ аеродроми, Аеро Клуб Скопје, Професиите од системот на Контрола на летање преку М-НАВ а.д Скопје и здруженијата ЗКЛМ, ЗВММ и ЗВТПСКЛ,  Аеро клуб Штип, DroneBuzz (Сертифициран тренинг центар за летање со дронови), Воена Академија, Хеликоптерска единица Јастреби при МВР кои и ќе слетааат со својот Bell412 хеликоптер, Дирекција за Заштита и Спасување (кои се задолжени за гаснење на пожари со ер трактори), Ад Вербум (сертифициран тест центар за воздухопловен англиски јазик), Ваздухопловна Академија Београд (Србија), Макетрски клуб „Мајор Михајло Ивановски – Микс“, Римин Аир, Воздухопловна Федерација на Македонија, Едукативен Центар Шаботиќ и други…стои во најавата за настанот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни