Студентите во блокадата за попладнево во Белград најавија протест наречен „Сакаме избори“.
Според објавите на социјалните мрежи, протестот треба да започне во 16 часот и 30 минути. кај поранешната Главна железничка станица, која ќе биде збирно место. Во 17 часот и 15 минути ќе има говор, како и 16 минутен молк за жртвите од падот на новосадската настрешница на 1 ноември минатата година, а потоа ќе се упатат кон Вишото јавно обвинителство на улицата Савска.
Пред тоа обвинителство во 18 часот и 30 минути ќе се одржи говор, по што, како што соопштија, ќе се упатат кон улицата „Краља Милана“, од каде во 19 часот и 11 минути е планирано поаѓањето кон Владата на Србија.
Во 19 часот и 45 минути ќе биде прочитан текстот со кој студентите бараат распишување вонредни парламентарни избори, а потоа ќе се одржат говори кои ќе го означат крајот на протестот.