Денеска сончево, но студено, утре пораст на температурите, од понеделник повремено дожд и снег

Денеска ќе се задржи претежно сончево време, наутро студено со негативни утрински температури. Од недела следува период на променливо облачно време со постепен пораст на температурите, соопшти УХМР.

По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Од понеделник ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од слаб снег. 

Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -13 степени, -11 било во Маврови Анови, -10 во Крива Паланка, -9 во Демир Капија, Попова Шапка, Крушево, Скопје-Петровец, Велес и Куманово, -8 во Тетово, Прилеп и Скопје-Зајчев Рид, -7 во Кавадарци, Виница, Пожаране и Штип, -6 во Гевгелија, -5 во Охрид и Претор, -4 во Струмица.

Висината на снежната покривка во 7 часот утрово била 31 сантиметар на Попова Шапка и 8 во Маврови Анови.

Наутро многу студено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност, поголема во југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени.

Во Скопје утрото студено, преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни