Денеска се доделуваат наградите на фестивалот SИРНИ – вечерва проекција на „Бабички на револуцијата“

Поради нестабилните временски услови, целата програма на Ѕирни денеска се сели во просторот КОТУР, каде ќе се одржи завршниот дел од филмската селекција.

Четвртиот фестивалски ден на седмото издание на фестивалот на филм и музика SИРНИ носи клучни моменти: прогласување на победниците, свечено доделување на награди и посветена проекција на значаен документарен филм.

Поради нестабилните временски услови, целата програма денеска се сели во просторот КОТУР, каде ќе се одржи завршниот дел од филмската селекција.

Во 19:30 часот започнува церемонијата на доделување на наградите во официјалната и студентската селекција. Годинашното стручно жири, кое ги оценува филмовите, е составено од актерката Кристина Леловац, режисерот Трифун Ситниковски и режисерката Дина Дума.

Награди и селекции

Официјалната селекција се натпреварува за наградата „Данчо Чеврески“, финансиски поддржана од Халк Банка. Студентската селекција се бори за признанието најдобар студентски филм, a целата филмска програма конкурира и за награда од публиката.

Вечерна проекција во соработка со МакеДокс

По доделувањето на наградите, од 20:00 часот, ќе се прикаже документарниот филм „Бабички на револуцијата“ (2006), во режија на Петра Селишкар и Бранд Ферро, во соработка со МакеДокс. Проекцијата е посветена на Илинденка Петрушева.

Филмот е интимна, но моќна приказна за два пара и нивните семејства кои го преживеале периодот на Втората светска војна, со приказни од Словенија, Македонија и Куба. Делото комбинира емоционални и комични елементи и разгледува три различни идеологии преку лични сведоштва.

Музичка селекција

Паралелно со филмската проекција, ќе настапи Давид Николовски (DaPhunk) со ексклузивна музичка селекција.

Фестивалот SИРНИ продолжува со активна програма до 6 октомври, со сите настани во Кафе и филм КОТУР. Целосниот распоред е достапен на веб-страницата на фестивалот и на социјалните мрежи.

Влезот е бесплатен, но поради ограничениот број на седишта, потребно е предвремено да подигнете билет од КОТУР.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни