Денеска два четвртфинални дуели на Евробаскет 2025

Победниците од овие мечеви ќе го дадат вториот полуфинален пар, а големото финале на турнирот ќе се игра во недела

Откако вчера Турција и Грција го комплетираа првиот полуфинален пар, денеска на програмата на Евробаскет 2025 се двата последни четвртфинални дуели.

Од 16.00 часот ќе се сретнат изненадувањата на ова ЕП, репрезентациите на Финска и Грузија кои во осминафиналето ги елиминираа репрезентациите на Србија, односно Франција.

Од 20.00 часот на програмата е дуелот помеѓу фаворизираната Германија и репрезентацијата на Словенија.

Победниците од овие мечеви ќе го дадат вториот полуфинален пар, а мечевите од полуфиналето се закажани за во петок, додека големото финале ќе се игра во недела.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни