Македонскиот институт за медиуми денеска ќе ги додели новинарските награди „Никола Младенов“ за 2024 година. Наградите ќе бидат доделени во три категории: најдобра истражувачка сторија (прва, втора и трета награда), најиновативен новинарски производ и најдобра репортерска фотографија.
Наградените ќе добијат сертификат и парична награда во висина од 60.000 денари поединечно за победниците во сите три категории, 40.000 денари за второнаградените и 20.000 денари за третонаградената истражувачка сторија. Конкурсот за аплицирање траеше до 17 февруари 2025.
Никола Младенов, сопственик и главен уредник на неделникот „Фокус“, кој се сметаше за еден од најугледните новинари во Македонија, загина во сообраќајна несреќа на влезот од Скопје, ноќта на 26 март 2013 година. Во негова чест, Македонскиот институт за медиуми одлучи наградата за најдобра истражувачка сторија на годината, која се доделува од 2001 година, да го носи името „Никола Младенов“.