Денешните татковци поминуваат три пати повеќе време со децата во споредба со претходните генерации

Фото: Unsplash | Juliane Liebermann

Промените во економските односи, менувањето на стилот на работните места, но и еманципацијата на жените и нивното поголемо влегување на пазарот на труд овозможи денешните татковци да поминуваат повеќе време со нивните деца во споредба со претходните генерации.

Додека порано татковците ги гледале децата само за вечера откако ќе се врателе од работа, а мајките биле тие што ги имаат сите родителски обврски како менување пелени и подготовка на храна, денес ситуацијата е поинаква.

Денешните татковици се повеќе се вклучени во родителските обврски и според истражувањата тие поминуваат три пати повеќе време со децата во споредба со претходните генерации.

Во 1982 година, 43 отсто од татковците изјавиле дека никогаш не промениле пелена на нивното дете. Сега, овој процент е значително помал и само 3 отсто од татковците изјавиле дека немаат променето пелена.

Фото: Unsplash | Caroline Hernandez

Истражувањата исто така покажуваат дека денешните татковци сакаат еднакво партнерство во врска со родителските обврски. Друго истражување пак покажа дека татковците кои доаѓаат од генерацијата на миленијалците, во просек, за 30 минути повеќе помагаат околу домашните обврски во споредба со нивните татковци.

Ваквите трендови ја зајакнуваат врската помеѓу татковците и нивните деца, но истовремено ја зајакнуваат и врската помеѓу мајките и татковците. Според одредени истражување кога 60 отсто од родителските обврски паѓаат на мајката, брачната врска започнува да страда, па ангажирањето на татковците во домот го помага и љубовниот живот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни