Земјата денеска во 14:28 часот ја достигна најблиската точка до Сонцето, позната како перихел. Во тој момент, нашата планета беше оддалечена 147 милиони километри од Сонцето.
Перихел е моментот кога Земјата е најблиску до Сонцето во нејзината орбита, а тоа обично се случува на почетокот на јануари.
Спротивноста на перихелот е афел, кога Земјата е најдалеку од Сонцето, што оваа година ќе се случи на 3 јули.