Денес во Кочани 11ти по ред „Марш за ангелите“

Семејствата на настраданите остануваат на своето единствено барање за правда за своите деца, за што најавуваат дека ќе се борат до крај
Фото: Радио Кочани

Денеска во Кочани со почеток во 18.05 часот ќе се одржи единаесеттиот по ред „Марш за ангелите“.

Родителите и роднините на загинатите во трагичниот пожар ги повикуваат сите да им се приклучат на Маршот кој се оддржува во знак на почит на загинатите, но и за поддршка на повредените во пожарот.

Семејствата на настраданите остануваат на своето единствено барање за правда за своите деца, за што најавуваат дека ќе се борат до крај.

Маршот се одвива по вообичаената маршрута, од Паркот на револуцијата, низ трговскиот центар, пред Општина Кочани а оттаму кон полициската станица и Основниот суд и обвинителството во Кочани.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни