Денес е погребот на папата Франциско, со 130 странски делегации и 200.000 луѓе на улиците на Рим

На обредот на запечатување ќе присуствуваат и кардиналите Џовани Батиста Ре, Пјетро Паролин, Роджер Махони, Доменицо Мамберти, Мауро Гамбети, Балдасар Реина и Конрад Крајевски. Ќе помагаат и надбискупите Едгар Пења Пара, Илсон де Жесус Монтанари, монсињор Леонардо Сапиенца и секретарите на покојниот папа.
epa12055431 A handout photo made available by the Vatican Media Press Office shows the Rite of Sealing before sealing the coffin of Pope Francis on the eve of his funeral at the St. Peter's Basilica in Vatican City, on 25 April 2025. The funeral of Pope Francis, who died on 21 April 2025, aged 88, is scheduled to take place in the plaza in front of the St. Peter's Basilica in Vatican City on 26 April. EPA-EFE/VATICAN MEDIA PRESS OFFICE HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Папата Франциско ќе биде погребан денес во една од таканаречените „пет папски базилики“, Санта Марија Маџоре во Рим, каде што телото на поглаварот на Римокатоличката црква ќе биде пренесено од базиликата Свети Петар.

Поворка на верници, црковни великодостојници и шефови на држави ќе се собере на Плоштадот Свети Петар во 10 часот, каде што ќе се одржи миса за душата на папата Франциско.
Според соопштението од Ватикан, во првите редови ќе бидат високи претставници од татковината на папата – Аргентина, и од Италија, додека останатите лидери ќе бидат распоредени по францускиот азбучен ред.

Обредот ќе го води кардинал Џовани Батиста Ре, за кого италијанските медиуми шпекулираат дека би можел да го наследи папата Франциско на чело на Римокатоличката црква. Од Ватикан соопштија дека, според личната желба на папата, тој ќе биде погребан „како пастир, а не како суверен“, и неговото тело нема да биде изложено на одар.

Ковчегот со телото на папата беше запечатен во петокот вечер за време на литургиски обред во базиликата Свети Петар, пред погребот, а околу 250.000 верници му оддадоа почит. Потврдено е присуство на најмалку 130 странски делегации, а за настаните се акредитирани околу 2.700 новинари од целиот свет.

Префектот на Рим, Ламберто Џанини, изјави дека на улиците на Рим денеска се очекуваат 200.000 луѓе, а ќе бидат ангажирани 4.000 полицајци, пренесува агенцијата „Анса“.

На погребот ќе присуствуваат, меѓу другите, премиерот на Србија Ѓура Мацута, италијанската премиерка Џорџа Мелони, претседателот на САД Доналд Трамп, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и францускиот претседател Емануел Макрон.

Во Рим пристигнаа и подалечни роднини на папата од градот Асти во Пиемонт за да присуствуваат на погребот, а претходно денеска му оддадоа почит во базиликата Свети Петар. Телото нема да биде пренесено преку Плоштадот Свети Петар, туку преку Портата Перуџино, во рамките на ватиканските ѕидини, од каде ќе биде пренесено до базиликата Санта Марија Маџоре.

Патот од Ватикан до Санта Марија Маџоре се очекува да трае 30 до 40 минути, при што возилото со телото ќе се движи со брзина од околу 10 км/ч. Повoрката ќе мине низ Папската улица и улицата Виторио Емануеле до Плоштадот Венеција, потоа покрај Форумот, Колосеумот и базиликата Латерано до Санта Марија Маџоре.

Кардиналите ќе бидат облечени во пурпурни хорски облеки, а бискупите и другите црковни великодостојници ќе носат виолетови, симбол на жалост. Папата Франциско ќе биде облечен во црвена погребна облека – симбол на крвта на христијанските маченици и Светиот Дух.

За машките гости, кодексот на облекување бара темен костум со долга црна вратоврска и црно копче на левиот ревер, додека бела кошула е дозволена. Жените мора да носат долга црна облека, црни ракавици и црн вел, а од накит се дозволени само бисери.

Самата церемонија ќе биде „приватен чин“, а според сопствената желба, папата Франциско ќе биде погребан во „едноставна гробница меѓу капелите Паолина и Сфорца“ во базиликата Санта Марија Маџоре.

Литванскиот кардинал Роландас Макрицкас ќе води традиционална молитва во 21 часот пред базиликата во Рим.

По погребот, ќе се почитува традиционалниот деветдневен период на жалост, со многубројни молитви и миси за папата Франциско, по што ќе следи конклава во Ватикан за избор на нов поглавар.

Ковчегот на папата ќе биде конечно запечатен вечерва во 20 часот во базиликата Свети Петар, со обред предводен од кардиналот Кевин Фарел, јавува „Ватикан њуз“. Тоа ќе означи крај на јавното изложување на телото, на кое му се поклонија десетици илјади верници.

На обредот на запечатување ќе присуствуваат и кардиналите Џовани Батиста Ре, Пјетро Паролин, Роджер Махони, Доменицо Мамберти, Мауро Гамбети, Балдасар Реина и Конрад Крајевски. Ќе помагаат и надбискупите Едгар Пења Пара, Илсон де Жесус Монтанари, монсињор Леонардо Сапиенца и секретарите на покојниот папа.

Папата Франциско почина во понеделник, 21 април, на 89-годишна возраст од последици на срцева слабост и мозочен удар, по борбата со двострана пневмонија поради која беше хоспитализиран.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни