Денес ќе се објават добитниците на годишните награди на Друштвото на писателите на Македонија

Денес, 10 февруари, Друштвото на писателите на Македонија ќе ги објави добитниците на годишните награди за 2025 година. Свеченото доделување ќе се одржи на 13 февруари со музички настапи.

Денес, во 12:00 часот ќе бидат објавени добитниците на петте традиционални годишни награди на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) за 2025 година. На прес-конференцијата ќе присуствуваат претседателите на петте жири-комисии.

Свеченото доделување на наградите ќе се одржи во петок, 13 февруари 2026 година, во 12:00 часот, со пригоден програм што ќе го збогатат вокалниот настап на Добрила Грашеска и гитарскиот настап на Бранислав Николов. Настанот е дел од одбележувањето на 79 години од основањето на ДПМ.

За сите финалисти и повеќе информации за наградите можете да се информирате на официјалната веб-страница на ДПМ.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни