Денес е светскиот ден на културната различност

Светскиот ден на културната различност се одбележува секоја година на 21 мај.
Овој ден ја нагласува клучната улога на меѓукултурниот дијалог за постигнување мир и одржлив развој и е посветен на вреднување на културните разлики меѓу луѓето и земјите ширум светот.

Во 2001 година, УНЕСКО ја усвои Универзалната декларација за културна различност, истакнувајќи дека културата може да помогне во постигнувањето просперитет, одржлив развој и мир. Во декември 2002 година, Генералното собрание на ОН го прогласи 21 мај за Светски ден на културната различност за дијалог и развој. Во 2015 година, ОН истакнаа дека одржливиот развој зависи од креативноста на различните култури и тековниот дијалог.

Овој ден е важен бидејќи многу од светските конфликти се поврзани со културните разлики. Светскиот ден на културната различност промовира мирен соживот и прифаќање на нашите разлики, со цел да се донесе мир меѓу заедниците, земјите и целиот свет. Славењето на културната различност и промовирањето на дијалогот е клучно за позитивни промени и инклузија но и постигнување мир и разбирање меѓу различните култури и народи.

Извор: https://www.latestly.com/lifestyle/festivals-events/world-day-for-cultural-diversity-for-dialogue-and-development-2024-date-history-and-significance-everything-you-need-to-know-about-the-day-5977468.html

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни