Денес е меѓународен ден на чајот

На 21 мај, светот го слави Меѓународниот ден на чајот, ден одреден од Обединетите нации за да се истакне културното и економското значење на чајот. Чајот е најконзумираниот пијалок во светот после водата и има долга и богата историја.


Здравствени придобивки и економска важност
Чајот нуди низа здравствени придобивки поради неговите антивоспалителни и антиоксидантни својства. Чајната индустрија е клучен извор на приходи и работни места, особено во земјите во развој. Милиони семејства се потпираат на производството на чај за егзистенција.

Одржливо производство
ОН ја нагласуваат важноста на одржливото производство на чај за идните генерации. Ова се поврзува и со грижата за животната средина, бидејќи производството на чај е чувствително на климатските промени. Производителите на чај потребно е да развијат стратегии за адаптација и ублажување на влијанието на климатските промени.

Чајот како ритуал
За љубителите на чај, овој пијалок е многу повеќе од шоља сварени листови. Тоа е ритуал кој има своја традиција а неговите разновидни вкусови и ароми секој љубител различно ги доживува.
Чајните церемонии во Јапонија се поврзани во чувството на спокојство, додека споделувањето шолја чај во Индија се верува дека го поттикнува поврзувањето на заедницата. Од попладневниот чај во Англија до мароканскиот чај од нане, овој пијалок има посебно место во многу култури.
Последниот извештај на ОН предвидува дека глобалната потрошувачка и производство на чај ќе продолжат да растат во текот на следната деценија. Ова ќе создаде нови можности за рурален приход и ќе ја подобри безбедноста на храната во земјите што произведуваат чај.

Извор: International Tea Day 2024: A Toast To History, Sustainability, And Habit (ndtv.com)

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни