Денес е Меѓународниот ден на мачките, кои се сѐ, само не обичен домашен миленик

Фото: Unsplash

Сигурно ја сакате вашата мачка, но можеби не сте во целост свесни колку се тие посебни животни. Мачките имаат отисок на носот, кој е едиснтвен, слично како прстите на човекот и мачките го развиле мјаукањето како начин за комуницирање со луѓето.

Студиите сугерираат дека питомите мачки прв пат се појавиле околу 3600 години пред нашата ера и поминале векови покрај луѓето, поради што не изненадува фактот дека се најпопуларните домашни миленици. Само во САД има околу 88 милиони мачки како домашни миленици.

Интересно е што генот на домашните мачки е речиси 95,6 отсто ист како оној на тигрите. Затоа и одредени однесувања на мачките и нивните диви роднини се исти, како обележување на територијата со урина, играње со пленот и начинот на ловење.

Кога станува збор за обележувањето на територијата, мачките и своите сопственици го означуваат како своја територија, со триење на лицето и телото врз телото на сопственикот, бидејќи имаат жлезди за мирис и во тие делови од телото.

Фото: Alvesgaspar, CC BY-SA 3.0, via Wikimedia Commons

Помеѓу најинтересни факти кои ги опишуваат мачките се е и тоа дека тие се веројатно едиснтвените цицачи кои немаат вкус за слатко, како и тоа дека се кратковидни, но нивните периферен вид и ноќниот вид им се многу подобри од тие на луѓето.

Мачките може да скокнат шест пати подолго отколку што се долги и имаат 230 коски, што е повеќе од луѓето, кои имаат 206.

Одат како камили и жирафи, прво со двете десни, а потоа и со двете леви нозе. Тие се единствните животни кои се движат на таков начин.

Според Huffington Post, мачките во просек спијат од 12 до 16 часа дневно, а од времето кога се будни, дури една третина го поминуваат негувајќи се. Тие се најактивни во зора и на самрак.

Познато е дека мредењето на мачките е знак дека се расположени, меѓутоа, тоа може да биде и самосмирувачки однесување, бидејќи ги произведуваат тие звуци и кога се болни или вознемирени.

За тоа колку се принципиелни, говори и фактот дека мачките одбиваат невкусна храна до точка на гладување, а и покрај општото верување, повеќето мачки се нетолерантни на лактоза.

Стерилизацијата го продолжува животот на мачките. Истражувањето од болниците за домашни животни во Банфилд покажа дека кастрираните мажјаци живеат во просек 62 отсто подолго од некастрираните, а стерилизираните женки живеат во просек 39 отсто подолго од нестерилизираните.

Мачките имаат и свој единствен „речник“, кој го развиваат со сопствениците и секоја од нив има посебна вокализација, предење и воопшто однесување во комуникацијата.

Имаат до 100 различни вокализации, додека на пример кучињата имаат само 10. Мјаукањето е однесување кое мачките го развиле исклучиво за да комуницираат со луѓето. Експертите објаснуваат дека мачките ги доживуваат луѓето како големи мачки без влакна.

Кога станува збор за комуникацијата, како заканувачко однесување го сметаат доколку ги гледате директно во очите. Но, ако мачката ви пријде со рамна опашка, која изгледа како да вибрира, тоа значи дека ѝ се допаѓате и е среќна што ве гледа. Исто така, ако мачката ви седне на лице, тоа е гест на пријателство.

Од друга страна, ако мачката мафта со опашката, тоа е нејзиниот начин да ве предупреди дека не е баш расположена.

Извор: РТС

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни