Денес е меѓународниот ден на пешачењето: Колку треба да пешачиме дневно?

Денеска е меѓународен ден на пешачење, а според студијата спроведена од американски и полски научници, четири илјади чекори дневно се доволни за зачувување и подобрување на здравјето.

„Често се споменува бројката од 10.000 чекори, но зависи од личноста. За некој што многу седи, би било добро да започне со три-четири илјади чекори, а за некој што е веќе активен, и 10.000 чекори му се премалку“, вели Милица Живановиќ од белградскиот трчачки клуб.

Со секојдневното пешачење се лачи хормонот на среќа во мозокот, што ги намалува болките во грбот, но и физичката актиновсти ги зајакнува мускулите.

Со цел полесно пешачење потребно е да носите удобни чевли и соодветна облека на временските услови. Доколку времето е постудено треба да ги заштитите рацете, челото и ушите, а исто така треба да внимавате и на квалитетот на воздухот.

Нордиските стапчиња за пешачење можат да бидат корисни при пешачењето на ридови и планини, бидејќи тие ќе ви помогнат да бидете побрзи, но и да го активирате горниот дел од телото, вклучувајќи повеќе мускулни групи, согорувајќи повеќе калории и намалувајќи го стресот на зглобовите и ‘рбетот.

Пешачењето е достапно, пријатно, не бара многу за да почнете, но сепак може да се пофали со еден куп здравствени придобивки. Тие се движат од подобрување на кондицијата и управувањето со тежината до помалку очекуваните ефекти како што се зајакнување на вашето расположение и емоционално здравје.

Пешачењето за разлика од останатите физички активности не бара посебни подготовки. Нема потреба од посебна облека или додатоци. Само облечете ги патиките и излезете од дома.

За разлика од вежбањето во теретана, не мора ни да губите време во одење до таму, ниту плаќање членарина.

Според експертите, возрасните помеѓу 19 и 64 години треба да имаат умерени физички активности околу 150 минути неделно, па со кратко 20-минутно пешачење секој ден стигнувате на само 10 минути од оваа цел.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни