Денес е „Ден Д“ за училиштата во Србија, повеќе од 80 отсто нема да работат со полн капацитет

Ова никогаш не било. Станува збор за најмасовниот протест

Според податоците и анкетите на Независниот синдикат на просветни работници на Србија (СПРС), денес повеќе од 80 отсто од училиштата во поголемите градови нема да работат со полн капацитет, најави претседателот на тој синдикат, Душан Кокот.

„Ова никогаш не било. Станува збор за најмасовниот протест што јас го знам, никогаш немавме вакви анкети, а јас работам во просвета повеќе од 20 години“, изјави Кокот.

Тој додаде дека денес е „Ден Д“ и дека сите училишта се фокусирани на повикот што дошол од студентите да се прекинат сите активности утре. Кокот додава дека училиштата се приклучуваат на протестот на дневно ниво и констатира дека второто полугодие не започнало.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни