Ден пред несреќата во Нови Сад проектантот забележал дека попуштаат држачите на настрешницата

Движењето за борба против загадување на животната средина, ,,Еко Стража”, денеска на својот профил на Инстаграм објави фотографија којашто, според нив, ја објавил лично проектантот на настрешницата во Нови Сад.

На неа, според ,,Еко Стража” јасно се гледа дека два држачи на настрешницата се оштетени, односно дека попуштиле.

Инаку, бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад се урна само неколку месеци по свеченото отворање по три годишната реконструкција и тврдењето на надлежните дека е изградена по највисоки европски стандарди.

Под сомнение дека се одговорни за падот, се уапсени 13 лица. Досега не се утврдени причините, ниту пак одговорност за уривањето и за смртта на 15 луѓе.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни