Ден на жалост во Република Србија

Владата на Република Србија одржа телефонска седница и донесе одлука денес, 3 јануари, да биде прогласен за Ден на жалост во Република Србија поради немилите настани и невино настраданите граѓани во Цетиње, Црна Гора.

Во согласност со одлуката на Владата на Србија, институциите и јавните служби се должни знамињата да ги спуштат на половина копје, а медиумските, спортските, културните и сите други содржини да бидат прилагодени на одлуката за прогласување на Ден на жалост – се наведува во соопштението.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни