Европска комисија: Ромското наследство е составен дел од културното богатство на европскиот континент

Три комесарки на ЕУ со заедничко писмо за 8 април бараат од државите членки антициганизмот да не остане само декларација.

Извршната претседателка на Европската комисија Роксана Минзату и европските комесарки Марта Кос и Хаџа Лабиб оценија дека ромското наследство, јазик и уметност се составен дел од историјата и културното богатство на европскиот континент.

Тие во заедничко писмо, во име на Европската унија по повод 8 април, Меѓународниот ден на Ромите, ги повикаа државите членки и партнерите во процесот на проширување да го интензивираат спроведувањето на своите национални стратешки рамки за Ромите, за да се обезбеди дека политиките ќе се претворат во конкретни подобрувања во животите на луѓето.

Додадоа дека борбата против антициганизмот, зајакнувањето на учеството на Ромите во донесувањето одлуки и промовирањето на инклузивни јавни политики остануваат од суштинско значење за напредокот, се наведува во соопштението на ЕК.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни