Четврта година по ред, Europe House Струмица организира „𝗖𝗮𝗿 𝗙𝗿𝗲𝗲 𝗗𝗮𝘆 – 𝗭𝗲𝗿𝗼 𝗘𝗺𝗶𝘀𝘀𝗶𝗼𝗻 𝗣𝗮𝗿𝗮𝗱𝗲 𝟮𝟬𝟮𝟰“, по повод Европската недела на мобилност и Светскиот ден без автомобили.
Настанот ќе биде организиран во четврток на 19 септември во 11 часот со дефиле по улиците на Струмица, резервирани само за велосипеди, тротинети, ролери, бордови и други превозни средства кои не испуштаат штетни гасови