Демонстрантите најавуваат целосна блокада на Србија против рудниците за литиум

По протестите минатиот викенд во Белград против рудниците за литиум и блокадата на железничкиот сообраќај, следен чекор се блокади низ цела Србија, најавуваат од организациите „Еко стража“ и „Јадар против Рио Тинто“.

Како што велат организаторите протести ќе има низ цела Србија и силата е што сите граѓани низ земјата се обединети против отворање на рудниците.

„Блокадите ќе бидат организирани низ цела Србија во исто време во интервал од неколку часа и ќе бидат организирани во работно време. Ќе бидат блокирани регионални патишта и клучни крстосници. Проблемот со досегашните блокади е што тие се организираа на неколку места и силите на полицијата можеа лесно да ги расчистат. Следните блокади ќе бидат организирани на неколку стотини места, во исто време со помал број на луѓе, но ќе бидат тешки за растурање и ќе доведат до целосен колапс на системот“ велат организаторите.

Како што се вели во објавата на социјалните мрежи во протестите ќе се вклучат повеќето еколошки движења, голем број на јавни и влијателни личности од Србија и поради тоа повиците и деталите околу блокадите ќе бидат вирални и нема да зависат од медиумите. Тие велат дека блокадите нема да зависат од ниту една личност или здружение, па доколку некој се откаже или е уапсен, тоа нема да ги попречи.

Организаторите најавуваат дека блокадите ќе се случат по завршување на топлотниот бран и годишните одмори и ќе траат се до конечна победа.

„Блокадите се првиот бран на граѓанска непослушност. Доколку нема одговор од Владата на Србија, граѓанската непослушност ќе добие и нови облици“ велат тие.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни