Група демонстранти нападнаа и запалија хотели каде што престојуваа баратели на азил во северот на Англија во саботата, во последниот од низата социјални немири во земјата.
Насилството беше поттикнато по прободувањето на три млади девојки во Саутпорт, на северозападот на Англија претходно неделава. Крајната десница го искористи овој инцидент за да рашири цел бран на дезинформации, вклучувајќи и лажни вести дека напаѓачот бил имигрант. Ваквите лажни вести се шират со цел да се мобилизираат анти-муслимански и анти-имигрантски протести. Полицијата соопшти дека осомничениот за нападот е роден во Британија.
На видеата споделени на социјалните мрежи се гледа дека демонстрантите вандализирале и се обиделе да запалат два хотела на Холидеј Ин на северот на Англија – еден во Тамворт, што претходно бил критикуван од локален политичар дека сместува баратели на азил и друг во Ротерам.
Во Тамворт, демонстрантите испалувале проектили, кршеле прозори и започнвале пожари, повредувајќи еден полицаец, според локалните власти. Во меѓувреме во Ротерам, демонстрантите фрлале со дрвени даски, користеле противпожарни апарати против полицијата, палеле објекти во близина на хотелот, а кршеле и прозори за да се обидат да влезат во зградата, вели полицијата.
Хотелот во Ротерам во тие моменти бил полн од преплашени гости и персонал, според полицијата.
Британскиот премиер Кир Стармер ги осуди насилните протести, во кои беа уапсени најмалку 147 лица од саботата вечерта. Како што предупреди тој, сите инволвирани во насилството ќе се соочат со целата сила на законот.
„Луѓето во оваа држава имаат право да бидат безбедни, но сепак, гледаме муслимански заедници како се таргетираат, се напаѓаат џамии, се таргетираат и други малцинства, гледаме нацистички поздрави по улиците, напади на полицијата, многу насилство и расистичка реторика. Па не, нема да се воздржувам и ќе кажам ова е крајно десничарско насилство“ рече Стармер вчера.
Rotherham on the verge of collapse and civil unrest #rotherham #protest #england #uk pic.twitter.com/MWfWrKJgEG
— Crazy World (@would_you911) August 4, 2024
Осврнувајќи се на насилните сцени во Ротерам, Стармер ги опиша како банди ограбувачи со намера да го кршат законот и нагласи дека насилниците не ја претставуваат целата земја.
Од полицијата најавија дека брзо ќе бидат идентификувани и спроведени пред законот сите кои предизвикале нереди, но додаде дена нема потреба од ангажирање на армијата.
Како што објави Би-Би-Си, планот на властите бил да се извршат брзи апсења и веднаш сите да бидат спроведени на суд, со цел да се демотивираат останатите да предизвикуваат насилни нереди.
Иако во текот на викендот имаше различни предлози, како тој да се активира армијата, сепак од полицијата велат дека имаат доволно ресурси за да се справат со нередите во моментов.
Од полицијата соопштија дека џамиите низ Велика Британија ќе добијат засилено обезбедување по последните нереди и напади.
Според Џо Мулхал, директор за истражвуање во „Надеж, не омраза“, невладина организација која се бори против расизмот и фашизмот, социјалната мрежа X, поранешен Твитер, станала централно место за ширење на опасни дезинформации и промоција на протестите.
„Бранот на протести и расистички напади не е централно организиран, туку порасна од децентрализираните крајно десни мрежи, многу од кои оперираат на X. Голем број важни фигури од овие мрежи споделуваат дезинформации поттикнувајќи тензии, како Стефен Ленон (познат и како Томи Робинсон) кој претходно беше баниран на X, но неговите профили беа вратени откако Илон Маск ја презеде платформата“ вели Мухал и додава дека по преземањето на Маск на Твитер гледаме како екстремната десница повторно стигнува до милиони луѓе со нивната опасна пропаганда.
Извор: Си-Ен-Ен