Околу 100 демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува Конференцијата на ОН за климата (КОП30) во амазонскиот град Белем.
Армијата ги спречи демонстрантите да влезат во зградата, но немаше судири. Делегатите на КОП30 беа пренасочени и се придружија на настанот преку друг влез.
Демонстрантите беа облечени како домородци. Демонстрантите вторпат во четири дена протестираат и покрај тоа што организаторите истакнаа дека Конференција им оддава почит на домородните народи.
Домородците пред два дена упаднаа на климатскиот самит КОП30 и се судрија со обезбедувачите, барајќи климатска акција и заштита на шумите.
