Деми Мур остана без Оскар, исто како во The Substance, ја замени двојно помладa

Деми Мур, славната 62-годишна глумица, остана видливо разочарана кога престижната награда за најдобра глумица ја освои 25-годишната Мајки Медисон

На 97 мото доделување на Оскарите, што се одржа во Долби Театар во Холивуд, се случи големо изненадување.

Деми Мур, славната 62-годишна глумица, остана видливо разочарана кога престижната награда за најдобра глумица ја освои 25-годишната Мајки Медисон. Очекувајќи победа за својата улога во филмот „The Substance“, Деми Мур беше, како што пренесуваат странските медиуми, бесна кога беше прочитано името на младата глумица, која триумфираше со улогата во филмот „Анора“.

Големото признание на вечерта му припадна токму на филмот „Анора“, кој со пет освоени награди, вклучувајќи ја и онаа за најдобар филм, доминираше на церемонијата. Уште една значајна победничка беше Зое Салдана, која ја доби Оскарот за најдобра споредна глумица за улогата во контроверзниот филм „Емилија Перез“.

Но, која е Мајки Медисон, младата ѕвезда која го освои Холивуд?

Со само 25 години, Мајки Медисон ја освои една од најпрестижните награди во филмската индустрија и на тој начин стана втората најмлада добитничка на Оскарот за најдобра глумица. Нејзината изведба во филмот „Анора“ ѝ донесе не само награда на вечерта, туку и огромно внимание од критичарите и публиката.

Но, нејзиниот пат до успехот не бил класичен.

Мајки Медисон, родена како Маикаела Медисон Росберг во Лос Анџелес, првично не ни сонувала за глумачка кариера. Израснала е во семејство на психолози – нејзиниот татко е специјалист за шизофренија, додека мајка ѝ работи со деца. Мајки има четворица браќа и сестри, вклучувајќи и брат близнак. Интересно е што е единствената во семејството која нема црвена коса.

Од мали нозе се посветила на јаваље коњи и била сериозен натпреварувач во овој спорт. Нејзината баба и мајка исто така се занимавале со јавање, па Мајки била одгледувана во тој дух. Дури била и школувана дома за да има повеќе време за коњичкиот спорт. Меѓутоа, на 14 години, донела тешка одлука – да го замени јавањето со глума.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни