Делумна забрана на руски гас во ЕУ 

ЕУ воведува постепена забрана на увоз на руски гас. Мерките се дел од REPowerEU и се очекува целосна забрана до 2027 година.

Европската унија започна со постепена забрана на увоз на руски гас според договорите склучени од средината на јуни минатата година. Со оваа мерка се следи регулативата REPowerEU, за која Европскиот парламент и Советот на ЕУ постигнаа согласност во декември минатата година.

Од 25 април ќе биде забранет увозот на руски течен гас (LNG) по краткорочни договори, додека гасот преку гасоводи ќе се забрани од 17 јуни. Забраната за долгорочни договори за LNG стапува на сила од 1 јануари 2027, а за гас преку гасоводи најдоцна до 1 ноември 2027 година, со можност за одложување доколку земјите-членки имаат проблеми со полнењето на складиштата.

ЕУ веќе од мај 2022 го спроведува планот за намалување на зависноста од руски фосилни горива поради агресијата на Русија врз Украина. Пред конфликтот, Русија обезбедуваше 45% од увезениот гас во ЕУ, додека лани тој удел падна на 13%.

Меѓу земјите-членки, Унгарија се противи на забраната и најави правно оспорување на регулативата REPowerEU. Во меѓувреме, во Брisel најавуваат нови чекори за целосно прекинување на увозот на руска нафта, со правна рамка што треба да се претстави средината на април.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни