Поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денес без електрична енергија ќе останат повеќе населени места и делови од неколку градови низ државата.
Во Скопје, од 08:00 до 10:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците на ул. „Борис Трајковски“ бр.1 (Пегла). Од 08:30 до 16:00 часот прекин ќе има во село Долно Соње (улици 1, 10, 11 и 12), а од 09:00 до 13:00 часот делови од улиците „Рилски Конгрес“ и „Партение Зографски“ во Центар.
Во Куманово, од 08:00 до 14:30 часот без струја ќе останат делови од улиците „АВНОЈ“, „Лесковачка“, „Иван Г. Ковачиќ“, „Мирче Ацев“, „Нада Михајлова“, „Страшо Пинџур“, „В.С. Бато“, „АСНОМ“ и „Никола М.“, како и селата Проевце и Доброшане.
Во Тетово и околината, прекини ќе има во Мала Речица (09:00–14:30), Боговиње (09:00–14:00) и село Пирок (09:30–11:00). Во градот Тетово, од 10:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат делови од ул.121, „Благоја Тоска“, како и објекти во близина на Бирото за труд и ул. „Борис Кидрич“.
Во Кратово, од 09:00 до 14:00 часот прекини ќе има кај филтер станицата, на ул. „Планинска“ (Табачка маала), населбата Бојаџиско, како и во селата Кркља, Варовиште и Луково.
Во Прилеп, од 09:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат повеќе улици, меѓу кои „Борка Талески“, „Битолска“, „Лазо Филиповски“, „Благоја Николоски“, „Вера Циривири“, „Гице Гаврилоски“, „Ладо Стојаноски“ и „Енгелсова“, како и дел од булеварот „Александар Македонски“. Дополнителен прекин ќе има од 09:30 до 14:30 часот кај комплексот фотонапонски централи во Кронејца.
Прекини се најавени и во селата Сливица, Брод, Скачивир и Добровени (08:30–16:00), како и Шупли Камен и Орашац (08:30–14:00).
Во Кочани, од 07:30 до 13:00 часот без струја ќе биде викенд населбата Бовчалук и ресторанот „Тополник“.
Надлежните информираат дека станува збор за планирани прекини поради технички зафати во мрежата.