Делови од Скопје денеска без струја до 13:30 часот

Прекини во снабдувањето со електрична енергија денеска се најавени во делови од Илинден, Чучер Сандево, Бутел и Карпош.

Делови од Скопје денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини во мрежата.

Во периодот од 08:00 до 15:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од улицата „Кадино Село“ во општина Илинден.

Од 08:30 до 13:30 часот, прекин на електричната енергија е најавен за дел од потрошувачите на улицата „Призренска“, во Кучевишка Бара, како и во делови од општините Чучер Сандево и Бутел.

Во периодот од 09:00 до 13:00 часот, без струја ќе остане и дел од корисниците на улицата „Џумајска“ во општина Карпош.

Граѓаните се повикуваат навреме да ги прилагодат своите обврски според најавените термини за прекин.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни