Делови од Скопје денеска ќе бидат без струја поради зафати во електромрежата. Според информациите од ЕВН Македонија, прекини во снабдувањето со електрична енергија се планирани во Бутел, Гази Баба, Кисела Вода и Ѓорче Петров, во различни временски интервали во текот на денот.
Во Бутел, од 8 до 12 часот, без струја ќе останат објектите на „Техномаркет“, „Старџим“, „Кам“ на булеварот Босна и Херцеговина, како и ВФВ Поликлиника.
Во Гази Баба, од 9 до 11 часот, прекин ќе има кај дел од потрошувачите на улицата „Коце Металец“, поточно кај куќите од улицата „Зеничка“ до улицата „Гемиџиска“.
Во Кисела Вода, од 9 до 12 часот, без струја ќе остане дел од улицата „Ваташа“ во Драчево, додека во Ѓорче Петров, од 9 до 15 часот, прекин е најавен за дел од улицата 101 во Волково.