Делови од Кисела Вода, Карпош и Гази Баба денеска, 27 март, ќе останат без струја поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа, додека жителите на улицата „Демир Трајко“ 2 во Нерези ќе бидат без вода од 9 часот до санирање на дефектот.
Според информациите од ЕВН Македонија, од 8 до 13 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од булеварот „Борис Трајковски“, како и фирмите „Милсон“ и „М-Гома“ во општина Кисела Вода.
Од 10 до 12 часот без струја ќе останат деловните простории пред „Термо систем“, приватното училиште на улицата „Скупи“ и жителите на оваа улица во општина Карпош.
Во периодот од 9 до 14 часот без електрична енергија ќе бидат и дел од корисниците од улицата „30“ во Трубарево, во општина Гази Баба.
Од Регионалниот центар за управување со кризи, повикувајќи се на информации од Водовод и канализација – Скопје, информираат дека поради уличен дефект без вода ќе бидат жителите на улицата „Демир Трајко“ 2 во населбата Нерези.