Делови од Скопје денес без струја и вода

Прекини на струја се најавени во Карпош, Ѓорче Петров, Аеродром и Кисела Вода, а без вода ќе бидат делови од Центар и Гази Баба поради интервенции на мрежата.

Делови од повеќе скопски општини денес ќе останат без струја и вода поради зафати во електродистрибутивната и водоводната мрежа, информираат надлежните служби.

Од ЕВН Македонија соопштија дека поради технички интервенции во електродистрибутивната мрежа без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците во општините Карпош, Ѓорче Петров, Аеродром и Кисела Вода.

Во Карпош од 08:30 до 12:00 часот без струја ќе останат корисниците на булевар „Партизански одреди“ бр. 125-2. Во Ѓорче Петров од 09:00 до 13:00 часот прекин на струја ќе има за дел од улицата „Шидска“ кај менувачницата „Срна“. Во Аеродром од 09:00 до 14:00 часот без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците на улицата „Тодор Чангов“ бр. 30 и 38, додека во Кисела Вода од 11:00 до 13:00 часот прекин ќе има за дел од улицата „Ѓорчи Динката“ во близина на училиштето „Кузман Шапкаров“.

Паралелно со тоа, ЈП „Водовод и канализација“ најави и прекини во водоснабдувањето во делови од Центар и Гази Баба.

Во Гази Баба, поради реконструкција на водоводна мрежа на улицата „Среќко Пужалка“, без вода од 09:00 часот ќе останат корисниците од улиците „Среќко Пужалка“, „Жегљане“, „Фуштанска“, „Товарник“, „Јужноморавски бригади“, како и дел од населбата Стајковци. Во Центар, поради изведување водоводен приклучок на Кеј „13 Ноември“, прекин на водоснабдувањето ќе има за корисниците од улиците „Истарска“ и „Маџир Маало“. Дополнително, поради дефект на водоводна цевка на улицата „Периша Савелиќ“, без вода ќе бидат и корисниците од таа улица.

Од надлежните служби информираат дека снабдувањето со струја и вода ќе биде нормализирано веднаш по завршување на интервенциите на терен.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни