Делови од Скопје денеска ќе останат без вода и без струја поради планирани интервенции на мрежите.
Поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со профил ф-150 мм на улицата „Божидар Рајковиќ“, без вода ќе бидат корисниците од оваа улица, како и дел од Горно Лисиче. Прекинот во водоснабдувањето ќе започне од 9 часот и ќе трае до завршување на работните активности.
Во исто време, без електрична енергија денеска од 9 до 14 часот ќе останат корисниците од улицата „95“ во Волково. Според информациите од Регионалниот центар за кризи на Град Скопје, прекинот е поради зафати во електродистрибутивната мрежа.