Поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат повеќе делови од Скопје, информира РЦУК Скопје.
Во периодот од 07:30 до 14:00 часот, струја нема да имаат корисниците од улиците „Љубо Ивановиќ“, „Никола Петров“ и „Црвени Брегови“ во Општина Бутел.
Од 08:30 до 16:30 часот, без струја ќе бидат и дел од корисниците на улиците „Сремски фронт“, „Мечкин Камен“ и „Ѓорче Петров“.
Од 09:00 до 15:00 часот, прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има во населените места Побожје, Бродец, Танушевци, Брест и Малино, како и кај дел од корисниците на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, спроти „Реплек“, во Општина Карпош.