Поради планирани работи во електродистрибутивната мрежа, делови од Скопје денеска ќе останат без струја во различни термини во текот на денот.
Според информациите од ЕВН Македонија, од 06:00 до 12:00 часот без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците на улицата Ленинова, во близина на Амбасадата на Кралството Холандија, како и делови од улиците Коле Неделковски и Киро Крстевски-Платник во општина Центар.
Во периодот од 09:00 до 14:00 часот, без струја ќе остане и дел од улица 95 во Волково, во општина Ѓорче Петров.
Од ЕВН апелираат граѓаните навреме да ги планираат своите дневни обврски и да преземат соодветни мерки за време на прекините.