Во соопштението се наведува дека Баку упатил вербална нота со „силен протест“, при што било посочено дека експлозијата на ракетата уништила дел од надворешниот ѕид и оштетила згради и службени возила. Не се пријавени жртви, пренесува Euronews.
Азербејџанското министерство потсети дека координатите на сите нивни дипломатски објекти во Украина официјално ѝ биле доставени на Москва уште во април 2022 година, веднаш по почетокот на руската инвазија.
Повторувани инциденти
Рускиот амбасадор бил потсетен и на неколку претходни случаи поврзани со напади во близина или врз азербејџански дипломатски претставништва: тешкото оштетување на почесниот конзулат во Харков во март 2022 година, нападот со „кинџал“ во јануари 2024 година кога неексплодирана муниција останала само неколку метри од амбасадата, како и експлозијата во август годинава, која се случила околу 50 метри од амбасадниот комплекс во Киев.
Министерството посочи дека ваквото повторување на инциденти „ја доведува во прашање намерната природа на ракетните напади“ и побара од Русија да спроведе целосна истрага и да обезбеди детално објаснување.
Извор: N1info.rs
