Корисниците на дел од улицата „Алија Авдовиќ“ и улица „28“ бр.6 во Сингелиќ немаат вода поради уличен дефект на улицата „Алија Авдовиќ“, информира ЈП Водовод и канализација-Скопје.
Без вода се и корисниците на дел од улиците „50-та Дивизија“ и „Јордан Мијалков“ во Центар поради дефект на приклучна цевка на ул.„50-та Дивизија“ .
Како што соопшти ЈП Водовод и канализација-Скопје, на двете локации водоснабдувањето е прекинато во 11:30 и ќе трае до санирање на дефектите.