Модните експерти советуваат, во недела навечер да подготвите 5 комбинации, за секој работен ден. На овој начин, ќе заштедите време наутро, па ќе можете да спиете малку подолго, а вашиот стил дефинитивно ќе изгледа подобро, бидејќи ќе ги испланирате однапред.
За да одите во канцеларија, мора да следите неколку правила. Секој комбинација мора да биде елегантна, но не е лошо да биде според најновата мода.
Придржувањето до неутрални тонови и класични кроеви е секогаш добра опција. Ова ќе ви обезбеди да изгледате моќно во секое време.
Ако сакате да бидете кралица на модата во вашето друштво, тогаш облечете се вака. Еве ги нашите 5 предлози:
Фустан за понеделник
Започнете ја работната недела со фустан, кој е парче што мора да се најде во вашиот гардеробер оваа сезона. Плетен фустан во комбинација со чизми со високи потпетици е хит.
Моќно сако
Сако со нагласени рамена е апсолутен хит и оваа зима. Во комбинација со долги панталони и кошула, дава комбинација за чиста десетка.
Комплети на врвот на модната листа
Комлетите се моментално најактуелни. Добрата работа е што секоја дама изгледа одлично во нив, а се и многу практични.
Браон боја + сатен
И моделот и кројот и материјалот и бојата, сè во врска со овој аутфит е совршено и во тренд.
Комплет во сива боја
Направете го крајот на работната недела удобен. Оваа комбинација го гарантира токму тоа, а е и многу шик.
