Делото на македонскиот визуелен уметник Емил Петро во форма на мапинг видео арт со наслов “LIFE/ЖИВОТ” беше претставено на фасадата на познатата Спонца (Sponza) палата во срцето на стариот град Дубровник.
Концептот арт видео мапингот “Живот” говори за врската меѓу ДНК и вештачката интелегенција во вид на аудио визулено уметничко доживување на музика на италијанскиот пијанист и композитор Саша Латука.
Четвртото издание на фестивалот на светлосна и видео мапинг уметност ЛУМИАРТ ДУБРОВНИК во Дубровник се отвори на 8 ноември и ќе трае до денес. По четврти пат на повеќе локации во стариот град Дубровник беа претставни светлосни уметнички дела и видео мапинг уметност на уметници од неколку држави. Фасадите на повеќе репрезентативни објекти во Дубровник беа осветлени со дела на видео мапинг уметници, а познатите улици во Дубровни беа збогатени со светлосни инсталации на различни свелосни артисти.